Дома Трансфер зона Доколку не пристигне Мбапе, Реал подготвува нова трансфер бомба

Доколку не пристигне Мбапе, Реал подготвува нова трансфер бомба

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ова лето не донесе звучни засилувања, но се чини дека на големо се подготвува за следното лето.

Марка утрово пишува дека прва мета на кралскиот клуб ќе биде Килијан Мбапе, кој изјави дека има желба еден ден да заигра во Реал. Но, јасно е дека ПСЖ нема да го пушти така лесни и се шпекулира дека Кралевите мора да платат над 200 милиони евра доколку сакаат да го донесат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, Перез спрема и резервна опција доколку Мбапе не успее да го донесе на Сантијаго Бернабеу. Во тој случај прва мета ќе биде Ерлинг Халанд кој со своите игри ги воодушеви љубителите на фудбалот.

Халанд се прослави во дресот на Ред Бул Салзбург каде одигра фантастична сезона, а на почетокот од оваа за само 20 милиони потпиша за Борусија Дортмунд.

Тој има клазула во договорот да може да замине ако дојде задоволителна понуда, а за Реал Мадрид сигурно нема да биде проблем. Неговиот трансфер би чинел околу 100 милиони евра, што значи дека Дортмунд од Халанд ќе заработи чисти 80 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…