Дома Фудбал Лига на шампиони Дожд од голови во ЛШ: Јунајтед и Барселона сигурни, Мората херој на Јуве, Нејмар го реши Лајпциг ?

Дожд од голови во ЛШ: Јунајтед и Барселона сигурни, Мората херој на Јуве, Нејмар го реши Лајпциг ?

Вечерва имавме прилично возбудлива вечер во Лигата на шампионие во која видовме голем број голови.

Најмалку имаше на натпреварот кој беше означен како дерби навечерта, ПСЖ – Лајпциг. ПСЖ го победи Лајпциг со минимални 1:0, а единствениот гол го видовме во првото полувреме кога Нејмар погоди од пенал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вечерва беше пред императив од победа и до неа стигна прилично лесно, предводен од Бруно Фернандеш. Прво во почетните минути Фернандеш постигна еден супер гол за водство од 1:0, а подоцна по грешката на голманот на Башакшехир стрелаше и за 2:0. После 35 минути игра Јунајтед имаше и 3:0, мрежата ја затресе Рашфорд од пенал. Во продолжение гостите преку Турц постигнаа почесен гол, а Џејмс ги постави конечните 4:1.

Барселона и со прилично изменет состав го доби Динамо Киев на гости со убедливи 0:4. Головите Каталонците ги постигнаа во второто полувреме, два постигна Брајтвајт, по еден Гризман и Сержињо Дест.

Борусија Дортмунд со истиот резултат само дома славеше во дуелот со Клуб Бриж. И вечерва Ерлинг Халанд се запиша во листата на стрелци. Норвежанецот постигна два со што дојде до бројката од 16 голови во само 12 натпревари во Лигата на шампионите. Преостанатиот гол беше дел на Санчо кој реализираше мајсторски од слободен удар.

Лацио дома запиша триумф против руски Зенит од 3:1. Победата на Лацио беше најавена после само 20-тина минути игра. Чиро Имобиле постигна убав гол во третата минута со кој го отвори резултат, а во 22. Пароло зголеми на 2:0. Зенит три минути по голот на Лацио намали на 2:1 преку Џумба. Конечните 3:0 ги постави Имобиле со неговиот втор гол во вториот дел, го постигна од пенал.

Ференцарош беше блиску до изненадување во Торино, но Мората го спаси Јувентус. Гостите од Унгарија стигнаа до предност преку Узуни во 19. минута. До изедначување Јувентус стигна во 35. преку Роналдо. Резултатот 1:1 беше актуелен се до судиското продолжение од натпреварот кога Алваро Мората кој со глава погоди за 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Леверкузен ја постави цената за Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на многу европски гигант…