Вчера Ливерпул на стартот на новата сезона од Премиер лигата го победи Норвич со 4:1.
Фановите после триумфот се загрижени поради повредата на првиот голман Алисон, меѓуота легендарниот играч на овој тим Џејми Карагер забележал друг проблем.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Поранешниот стопер на „црвените“ за „Скај Спорт“ го коментираше натпреварот, а после истиот порача дека иако Ливерпул победил со 4:1 Клоп ќе има што да им каже на своите фудбалери.
„Ливерпул победи, меѓутоа сигурен сум дека имаат за што да зборуваат во соблекувалната. Офанзивната беше добра, но тимот изгледаше навистина лошо во одбраната. Чудно беше да се види на десет минути пред крајот дека водат 4:1. Ако Ливерпул играше против подобар тим вечерва можеше и да го изгуби натпреварот“, смета Карагер.
Оваа изјава на Карагер веројатно посебно се однесува за првото полувреме во кое Норвич имаше неколку одлични шанси да постигне погодок, а токму во тој дел „црваните“ го решија прашањето на победникот постигнувајќи четири гола.