Дома Фудбал Англија Додека сите го критикуваат, Манчестер Јунајтед доби пофалби од градскиот ривал

Додека сите го критикуваат, Манчестер Јунајтед доби пофалби од градскиот ривал

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола во разговор за британските медиуми испрати пофалби на сметка на градскиот ривал Манчестер Јунајтед, на кого на почетокот на сезоната не му оди баш најдобро.

За разлика од својот ривал, актуелниот англиски шампион добро ја започна новата сезона, освојувајќи седум бода на три натпревари.
Сепак, Гвардиола го пофали градскиот ривал.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Манчестер Јунајтед и понатаму е голем тим. Што туку сме август, има уште голем број на бодови во игра. Всушност може да се каже дека сезоната започнува после репрезентативната пауза, бидејќи од тој момент ќе играме натпревари на секои три дена“, изјави Гвардиола.

Наредното коло за Манчестер Сити го носи натпреварот против Њукасл, а Пеп за оваа средба ќе може да смета на комплетниот ростер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oбјавините првите резултати од истрагата за смртта на Жота, се укажува на една причина

“) Шпанската цивилна гарда објави дека истрагата за несреќата во која загинаа напаѓа…