Изгледа дека „сините“ конечно пронајдоа решение!
Како што пренесуваат бројни италијански медиуми, Челзи одлучил да го откупи договорот на Маурицио Сари од Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот Италијанец се поврзува со Челзи веќе подолго време, а изгледа дека конечно од Челзи одлучиле да ја платат сумата која ја бара Де Лаурентис, иако тој повеќе не е тренер на Наполи.
Наполи не го раскина договорот со Сари кој и понатаму е на нивниот платен список, сакаа на тој начин да го натераат Челзи на нивната сметка да уплати осум милиони евра.
„Сините“ таа опција ја одбија, посебено бидејќи на Конте мораат да му исплатат 10 милиони евра доколку го отпуштат.
Челзи успеа да ја намали цената на Сари на пет милиони евра со договор дека нема да се обидат да доведат неколку нивни играчи кои имаат откупни клазули како Пјтор Зјелински, Елсаид Хисај и Раул Албиол, па ниту еден од нив нема да тргне со Сари за Лондон.
Како што медиумите на Апенините пренесуваат, сите детали наскоро би требало да бидат објавени, а Сари да пристигне во Лондон најдоцна до вторник.
Кога во прашање е Конте тој ќе ја добие својата оштета од 10 милиони евра и се очекува да биде без ангажман една година.