Голем проблем за младиот дефанзивец…
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Младиот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Спинацола би можел да го пропушти целиот прв дел од наредната сезоната после повредата на коленото.
Спинацола во сезоната која изминува ја помина во редовите на Аталанта како позајмен играл, а од наредната сезона веќе е планиран за во таборот на Јувентус.
Овој 25 годишен репрезентативец на Италија уште од младинските денови е член на Јувентус, но до сега не забележал ниту еден официјален натпревар за првиот тим на „старата дама“.
Од 2012 година е испраќан на разни позајмица, а конечно во Аталанта покажа дека се работи за одличен играч кој може да игра и во средината.
На Спинацола денес му беше извршена операција и го очекува пауза од околу шест месеци.
