Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе изминатите два дена не тренираше со тимот поради настинка, па дури му беше направен и тест за коронавирус.
За среќа тестот беше негативен, но и здравствената ситуација на Мбапе е многу подобра, па Французинот утрово тренираше со остатокот од тимот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
ПСЖ денес потврди дека Тухел го повикал Мбапе за вечерашниот меч против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.
За очекување е францускиот репрезентативец мечот да го почне од клупата за резерви, а доколку има потреба во игра да влезе во второто полувреме.
За потсетување, ПСЖ вечерва ќе брка негатива (2:1) против Дортмунд за пласман во четвртфиналето во ЛШ.