Дома Фудбал Италија Добри вести за Милан, се враќа Брахим Дијаз

Добри вести за Милан, се враќа Брахим Дијаз

Младиот плејмејкер на Милан, Брахим Дијаз го преброди коронавирусот и од денес изглегува од изолација.

Милан денес официјално соопшти дека Шпанецот после 11 дена дал негативен тест на Ковид и се враќа на тренинзите.

Брахим Дијаз нема да биде дел од тимот за вечерашниот меч против Торино, но добрата вест за Пиоли е што ќе биде спремен за дербито со Рома во сабота.

Пред два дена негативен тест на Ковид даде и Тео Хернандес, кој ќе биде дел од тимот за денешниот меч со Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арбелоа казнет поради коментари за судиите

Алваро Арбелоа, тренерот на Фулам, доби казна од 25.000 фунти поради критики кон судиите п…