Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска до крајот на март ќе одигра два пријателски натпревари, против Того на 24 и три дена подоцна против Мароко.
Многумина ги инзнеади веста дека после три години и освојувањето на Афричкиот куп на нации во 2015 година Јаја Туре одлучи да се врати во репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доби повик за овие два натпревари, но не се појави и никој не знае каде се наоѓа во овој момент.
„Стручниот штаб на репрезентацијата нема никакви информации за нашиот капитен“, соопштија од фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Туре во овој момент има 34 години, за репрезентацијата одигра 100 натпревари и постигна 19 погодоци. Оваа сезона во Премиер лигата запиша само шест минути, а на тревникот помина 97 минути.