Дома Фудбал Останато Доби „корпа“ во 2014, а сега е еден од најбарните!

Доби „корпа“ во 2014, а сега е еден од најбарните!

Саул Нигез е прва ѕвезда на Европското првенство до 21 година во Полска, а запаметен ќе остане неговиот хет-трик против селекцијата на Италија.

После одличните настапи за 22 годишниот фудбалер интерес покажаа бројни европски гигант. Имено, Барселона има желба да го доведе на „Ноу Камп“, но одличниот фудбалер изгледа дека не е заинтересиран за трансфер во шпанскиот гигант.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но еден англиски клуб има навистина за што да жали бидејќи имаа прилика да го доведат Нигез во 2014 година.

Тогаш 19 годишниот Нигез настапуваше во Рајо Ваљекано како позајмен фудбалер од Атлетико, а неговите претставници го понудија на Манчестер Јунајтед. Сепак, од „Олд Трафорд“ ја пропуштија приликата и го одбија Шпанецот.

„Црвените ѓаволи“ навистина има за што да жалат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВАР хаос на натпреварот меѓу Атлетико и Барселона. Еве зошто одлуката траеше седум минути

Полуфиналниот дуел во Купот на кралот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона на стадионот Метр…