Дома Македонски спорт Мак ракомет „Доаѓањето во Вардар е мојот најдобар потег во кариерата“ – Србинот стави потпис на нов договор!

„Доаѓањето во Вардар е мојот најдобар потег во кариерата“ – Србинот стави потпис на нов договор!

Само што почна новата сезона во ракометното првенство, каде Вардар1961 тргна добро и според планираното, клубот веќе работи на склопување на мозаикот и изгледот на тимот што ќе продолжи да игра и да се бори за трофеи.

Првиот играч кој има договор со „црвено-црните“ и реши да остане уште две сезони е левото крило Марко Срдановиќ (25).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот интернационалец одлично се снајде во дресот на Вардар и на сите натпревари на кои настапи го потврди својот квалите, и покажа дека одлуката на македонскиот клуб да го нагажира била вистинска. Задоволни од неговиот настап, Вардар му понуди нов договор на Срдановиќ според кој тој треба да остане во Скопје најмалку до 206 година.

Со ангажирањето на Срдановиќ, Вардар доби играч со мирна и прецизна рака, добра пеналџија и пред се спортист со карактер и човек со став, сметаат во клубот.

„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство, и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат, вели Срдановиќ.

Тој е еден од неколкуте нови играчи што сезонава дојде во Вардар, и веднаш се вклопи во тимот. Вардар моментно е првопласиран во Б групата и повеќе од сигурно че пренесе три бода во разигрувањето за титулата.

Целта на Вардар сезонава е враќање на врвот и во Лигата на шампионите, и освојување на двојната круна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список н…