Откако што минатата недела доби отказ во Рома поради испаѓањето од Лигата на Шампионите и серијата на лоши резултати, Еузебио Ди Франческо започнал преговори за превземање на друг клуб.
Италијанските медиуми пишуваат дека Ди Франческо е на чекор од потпишување на договор со Фиорентина. Клубот од Фиренца на крајот од сезоната ќе остане без тренерот, бијдеќи Пиоли на крајот од сезоната му истекува договорот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Како главен кандидат за негов наследник се споменува токму поранешниот тренер на Волчицата. Покрај Ди Франческо, како кандидати се споменуваат и Марко Џампаоло, Роландо Маран и Роберто Де Зерби.