Дома Фудбал Репрезентации Ди Марија: Меси можеби не постигнува погодоци, но прави една многу важна работа

Ди Марија: Меси можеби не постигнува погодоци, но прави една многу важна работа

Аргентина со победата против Венецуела со резултат 2:0 се пласира во полуфиналето на Копа Америка.

Лео Меси синоќа не се запиша во листата на стрелци, но неговиот соиграч Анхел Ди Марија верува дека ѕвездата на Барселона игра добро за репрезентацијата иако многумина го критикуваат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Капитенот на Аргентина постигна само еден погодок на овој турнир, и тоа од белата точка, но играчот на ПСЖ  верува дека другите аспекти на играта се важни на Копа Америка.

„Навикнавме да гледаме како постигнува погодоци, но мислам дека на Лео му оди добро.“ – изјави Ди Марија.

„Тој трча и работи. Знае повеќе од било кој дека на Копа Америка мора да трчаш многу, а потоа да размислуваш на останатите работи.“ – додаде Ди Марија.

Аргентина овој турнир го апочна лошо, но сепак сега се пласира во полуфиналето, каде ќе се сретне со Бразил, а тоа ќе биде нова шанса за Меси да постигне погодок во најважниот натпревар до сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Булатовиќ со хет-трик го реши Работнички, реми на Брера и Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Пелистер освои важни три бода во битката за опстанок против Работнички славејќи…