Дома Фудбал Италија Ди Лоренцо: Елмас доби континиутет и прерасна во врвен фудбалер

Ди Лоренцо: Елмас доби континиутет и прерасна во врвен фудбалер

Џовани Ди Лоренцо имаше интервју со наполитанското радио „Кис Кис“ и во него со големи пофалби зборуваше за Елиф Елмас.

Елмас сезонава игра во континуитет кај Спалети и возвраќа со одлични игри на теренот, тоа го потенцира и Ди Лоренцо.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Елмас во последно време има голем напредок, доби континиутет и прерасна во врвен фудбалер. Навистина ни е од голема помош“.

Ди Лоренцо и Италија ќе бидат противници на Македонија во баражот за Светското првенство.

„Ќе играме против репрезентацијата на мојот пријател Елмас, против Македонија нема да ни биде лесно. Нашата цел останува да се пласираме на Светското првенство и знаеме дека цела Италија е со нас“, изјави Ди Лоренцо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го обнови договорот со еден од најважните играчи

Ливерпул потпиша нов договор со Рајан Гравенберх. Холанѓанецот се обврза до 2032 година и …