Дома Фудбал Останато Дирк Кајт си заминува во пензија: Дојдов по титула, го остварив тој сон и заминувам

Дирк Кајт си заминува во пензија: Дојдов по титула, го остварив тој сон и заминувам

Холандскиот фудбалер, Дирк Кајт одлучи да ја заврши својата кариера по 19 години професионално играње. Тој стави крај во Феенорд, со кого неодамна ја освои титулата во шампионатот.

Кајт во последното коло од шампионатот со хет-трик против Хераклес му ја донесе титулата на Феенор по долги 18 години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се вратив за да бидам шампион и тој сон го исполнив. Ова е вистинско време да кажам “крај”“, изјави 36-годишниот Холанѓанец.

Дирк Кајт е роден 22. јули 1980. година. Младите категории ги помина во Квик бојс, а сениорската кариера ја започна во Утрехт (го освои и Купот на Холандија), продолжи во Феенорд, каде што во 2006. година се пресели во Ливерпул (Лига Куп). За шест сезони на „Енфилд“ одигра 208 натпревари (51 гол), помеѓу останатото и финале во ЛШ 2007. година против Милан.

Холанѓанеот од 2012. до 2015. година играше за Фенербахче (Шампионат, Куп и Суперкуп), каде што пред две години се врати во Феенорд, со кого како капитен се радуваше на трофеите во Купот и шампионатот.

Дирк Кајт одигра 104 натпревари за репрезентацијата на Холандија и постигна 24 гола. Со Холандската репрезентаија беше вицешампион во светот во 2010. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …