Дома Фудбал Останато Директорот на ПСЖ ги реши сите дилеми околу Мбапе и Нејмар

Директорот на ПСЖ ги реши сите дилеми околу Мбапе и Нејмар

Директорот на ПСЖ, Луис Кампос проговори за гласините кои кружеа изминатиов период и сториите дека Килијан Мбапе побарал Нејмар да биде продаден.

Имаше доста информации летово за односот меѓу ѕвездите Килијан Мбапе и Нејмар. Наводно, дуото се скарало бидејќи и двајцата сакале да ја играат улогата на лидер.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Наводно и Бразилецот бил на трансфер листата, но спортскиот директор на ПСЖ Луис Кампос ги отфрли овие наводи.

„Нејмар не беше на трансфер листата. Тоа е целосна лага. Исто така, Килијан Мбапе никогаш не побарал да си замине. Минатата година Килијан беше најдобар играч на светот. Меси се адаптираше, Нејмар беше повреден, а Килијан го држеше тимот заедно“, истакна Кампос.

„Се што слушнав претходно за Нејмар, сигурно сум слушал погрешно бидејќи тој секогаш пристигнува на време. Го гледам Нејмар вклучен во тимскиот проект, во клупскиот проект“, додаде директорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…