Дома Фудбал Англија Директорката на Њукасл: Сакаме да бидеме шампиони на Англија и Европа во наредните пет години

Директорката на Њукасл: Сакаме да бидеме шампиони на Англија и Европа во наредните пет години

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија вчера и официјално го презема Њукасл.

За директорка беше поставена 48-годишната Аманда Стивлеј која ќе ги носи главните одлуки. Директорката на првата прес-конференција амбициозно порача дека сака Њукасл да биде шампион на Англија и Европа во наредните пет години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сакам да се заблагодарам на навивачите, без нив немаше да бидеме тука. Ова е нивни тим, а ние ќе се грижиме за него. Сериозни сме и ја разбираме улогата. Се чувствувам гордо што сум делк од Премиер лигата. Нашата желба е да освојвуваме трофеи, а се надеваме дека во наредните пет години ќе бидеме шампиони на Англија и Европа. За да дојдат трофеите потребно е време, инвестиции и трпение“, изјави Аманда.

Ќе потсетиме, на чело на инвестицискиот фонд стои принцот Мохамед Бин Салман кој располага со богатство од 320 милијарди фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уште еден чекор ги дели: Лидс и Барнли блиску до промоција во Премиерлигата

Лидерите во Чемпионшипот се израмнети на врвот со 91 бод, тимот од Јоркшир го пречекува Ст…