Дома Фудбал Останато Дилета: Со Роналдо на пиво, а со Мурињо на вечера

Дилета: Со Роналдо на пиво, а со Мурињо на вечера

Атрактивната италијанска новинарка Дилета Леота се најде во центарот на вниманието на фестивалот „Сан Ремо“ каде што беше во улога на водителка.

Дилета со својот изглед повторно привлече големо внимание. Освен тоа таа даде интервју во кое зборуваше и за фудбалот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред неколку години Дилета стана спортска новинарка и брзо стана ѕвезда на Апенините. Девојката од Катанија во фудбалот одлично се снаоѓа. Помеѓу останатото Дилета доби прашање дали би излегла на вечера со Кристиано Роналдо или Жозе Мурињо.

„Со Кристиано може на пиво и излегување во подоцнежните часови, на вечера со задоволство би седнала со Мурињо бидејќи Роналдо јаде само салати и пилешко“, гласеше одговорот на Дилета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…