Дома Фудбал Диего Коста мора на операција, го очекува подолга пауза

Диего Коста мора на операција, го очекува подолга пауза

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста нема среќа. Ќе мора на операција, а опоравувањето ќе трае неколку месеци.

Искусниот напаѓач не можеше да тренира некое време заради болките што го чувствувал во пределот на вратот, а по извршените прегледи стана јасно дека Атлетико ќе биде без напаѓачот подолг период.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поточно, беше потврдено дека повредата на вратот на Коста е доволно сериозна што Бразилецот со шпански пасош мораше да биде подложен на операција.

Диего Коста не е во најдобра голгетерска форма откако се врати во Атлетико, но сеедно оваа сезона започна на осум натпревари во Ла Лига.

Се уште не се знае точно колку време ќе трае опоравувањето на Коста по операцијата, но најоптимистичките прогнози од Шпанија велат дека тој би можел да се врати во февруари.

Меѓутоа, не е исклучено опоравувањето да трае подолго, а во најлоша ситуација Коста би можел да се врати на теренот дури во април, во финишот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…