Катастрофата на Аргентина во пријателскиот натпревар против Шпанија (6:1) е главна тема во медиумите на тие земји.
Никој не може да поверува дека Гаучосите се буквално понижени во Мадрид, а се огласи и напаѓачот на Црвената фурија, Диего Коста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој ги “нападна“ Аргентинците поради критиките на Лео Меси од минатото. Звездата на Барселона синоќа не настапи поради повреда, а Коста имаше што да каже за аргентинските медиуми.
„Во Аргентина сакаат да го критикуваат Меси и тоа ги преминува сите граници. Денеска видеа што се без Меси. Аргентинците мора да го чуваат и да му бидат благодарни. Каде би биле ако го немаат него?“ – изјави Коста после натпреварот.
До почетокот на Светското првенство останува уште нешто повеќе од два месеци и сигурно дека селекторот на Гаучосите Сампаоли ќе биде под жесток притисок.
Таквата игра на Аргентина нема да донесе апсолутно ништо ново, а Сампаоли полека станува државен непријател број еден.