Дома Фудбал Италија Дибала јасен: Трансфер пазарот не ме интересира!

Дибала јасен: Трансфер пазарот не ме интересира!

Аргентинскиот фудбалер и член на Јувентус Паоло Дибала уште еднаш потврди дека е среќен во Јувентус.

Паоло Дибала е еден од најдобрите фудбалери на Јувентус и навивачите на „старата дама“ од него имаат големи очекувања.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аргентинецот често пати медиумите го поврзуваат со заминување од Јувентус, а гласините се зголемија откако Роналдо ова сезона пристигна во редовите на италијанскиот гигант.

Сепак, Дибала уште еднаш потврди дека не е заинтересиран за трансфер.

„Пресреќен сум во Јувентус. Имаме големи амбиции и јас сум фокусиран само на моите настапи на теренот. Трансфер пазарот не е нешто што треба да ме интересира“, изјави Дибала.

Дибала оваа сезона настапи на 14 натпревари, постигна шест погодоци и запиша една асистенција. Во Јувентус пристигна од Палермо и неговиот договор има важност до 2022 година.

https://www.youtube.com/watch?v=ExN51V7sa50

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…