Дома Фудбал Италија Дибала: Парите не беа проблемот, Јувентус не ме сметаше за дел од новиот проект

Дибала: Парите не беа проблемот, Јувентус не ме сметаше за дел од новиот проект

Паоло Дибала ова лето се раздели со Јувентус откако му истече договорот, а потоа како слободен играч потпиша за Рома.

Дибала вчера и официјално беше претставен во Рим. На прес-конференцијата новинарите ги интересираше и причината поради која замина од Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Директорот Маурицио Аривабене беше јасен во своите коментари. Требаше да потпишеме договор во октомври 2021 година, но клубот тогаш не замоли да почекаме малце. На тој разговор и остана, во март добивме известување дека не сум дел од нивниот проект во иднина. Никогаш не беа проблем финансиите, клубот одлучи да тргне по друг пат заедно со тренерот Алегри. Тоа беше нивни избор и одлука и јас морав да ја почитувам, за мене тоа не е проблем“, изјави Дибала.

Дибала ја појасни и својата одлука да не ја носи „10-ката“.

„Знаеме кој последен го носеше тој дрес тука. Постои почит, тоа е важен дрес за навивачите. Мојот број е 21 и тој за мене е исто така важен. Ми носи среќа во Аргентина и на почетокот во Јувентус. Не знам што ќе биде во иднина, но сега сум задоволен со бројот 21“, истакна Аргентинецот.

Исто така Дибала порача дека не би славел доколку постигне гол во натпреварите против Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…