Раководството на Јувентус е во напредни преговори за нов договор на Пауло Дибала, пренесуваат италијанските медиуми.
Во Јувентус се многу задоволни од перформансите на Аргентинецот оваа сезона и поради тоа сакаат да му понудат долгорочен договор со подобрени финансиски услови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала беше стевен на трансфер листа ова лето, но самиот инсистираше да остане во Торино и со добрите игри стана еден од главните играчи во тимот на Сари.
Преговорите се во напредна фаза и медиумите тврдат дека недостасуваат само одредени детали. Дибала наскоро ќе стави потис на нов договор, во кој можно е да има откупна клаузула, но не помала од 110 милиони евра.
In casa Juventus si lavora al rinnovo di Dybala: le parti cercano l’intesa, c’è fiducia ⚪️⚫️ [@romeoagresti]https://t.co/JkP9iVSzJ8
— Goal Italia (@GoalItalia) March 9, 2020