Паоло Дибала не се најде на списокот на Хорхе Сампаоли за пријателските натпревари на Аргентина, па слободното време одлучи да го искористи на поинаков начин.
Аргентинецот одлучи двата слободни дена да ги помине ни помалку, ни повеќе – во Мадрид!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа секако е одличен повод за шпанските медиуми да започнат гласини и да го поставуваат прашањето поради што Дибала престојувал во Мадрид?
На сето тоа Дибала бил во друштво на својот брат кој е и негов агент. „Ас“ потсетува дека токму Дибала е една од летните желби на Флорентино Перез.
Покрај тоа се наведува дека ова баш и не е најдобар момент за претстој во Мадрид со оглед на што Јувентус повторно се сретнува со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Сепак, Дибала сето тоа веројатно и го знае и доколку во целата оваа приказна има вистина веројатно не би си дозволил да биде во Мадрид во овој период или подобро кажано не би дозволил да биде „уловен“.
La presencia del crack de la Juve alimentó los comentarios en las mesas que lo reconocieron y algunos especulaban por si su presencia en la capital de España podría deberse a una cita 'secreta' con el Madrid https://t.co/PXsQRrqpn2
— AS (@diarioas) March 19, 2018