Дома Фудбал Италија Де Лаурентис повторно бега од дуел со Јувентус?

Де Лаурентис повторно бега од дуел со Јувентус?

Во октомври Наполи не допатува во Торино на дуелот со Јувентус во Серија А, тој натпревар прво се пресмета како службена победа на Јувентус, но потоа по третата жалба на Наполи се донесе одлука да се игра на друг датум.

Сега првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис одново се обидува да откаже дуел со италијанскиот шампион. Како што објавија италијанските медиуми Де Лаурентис побарал да се одложи натпреварот од Суперкупот поради економски и безбедносни причини.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Негови аргументи се што приходите во споредба со минатата година кога Суперкупот се играше во Саудиска Арабија се значително помали. Освен тоа регионот Реџо Емилија каде што треба да се игра натпреварот е еден од повеќе погодените со Ковид-19.

Во Наполи побарале овој дуел да се премести за некаде кон крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Сити го критикуваат Халанд: Подобри сме без тебе

Навивачите на Манчестер Сити изразија жестока критика кон напаѓачот Ерлинг Халанд, откако …