Дома Фудбал Англија Де Геа успеа да влезе во историјата на Манчестер Јунајтед

Де Геа успеа да влезе во историјата на Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа во неделната победа над Евертон успеа да ја сочува мрежата нечепната, со што го запиша јубиларниот 100. натпревар без примен гол за „Црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед успеа да слави со 4:0, а Де Геа уште еднаш беше ненадминлив и така успеа да се запише во историјата на клубот од „Олд Трафорд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанскиот чувар на мрежата 80 натпревари без примен гол успеа да запише во Премиер лигата, 10 во ЛШ, пет во Лига Купот, четири во ФА Купот и еден во Лигата на Европа.

Давид Де Геа во Манчестер Јунајтед пристигна во 2011. година од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, а во последните шест години е стандарден член во составот и еден од најдобрите играчи на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо збесна: Судијата имаше ливче со имињата на тројца играчи на Реал Мадрид…

Португалскиот стратег Жозе Мурињо синоќа ја предводеше Бенфика од клупата во дуелот против…