Дома Топ вести Де Геа го држи Манчестер Јунајтед во „пат“ позиција

Де Геа го држи Манчестер Јунајтед во „пат“ позиција

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа има договор со Црвените ѓаволи до летото 2022-та година.

Иако Јунајтед му понуди нов договор, Де Геа за сега одбива да го продолжи, а „Манчестер Ивнинг Њуз“ тврди дека шпанскиот чувар на мрежата ја чека расплет ситуацијата во Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ се во борба за пласман во Лигата на шампиони. Учество можат да обезбедат ако се пласираат меѓу четирите најдобри тима во Англија или ако ја освојат титулата оваа година во ЛШ, каде стигнаа до четвртфиналето и играат против Барселона.

Де Геа не сака ништо да одлучи пред да заврши сезоната. Ако Јунајтед се пласира во ЛШ тој најверојатно ќе го продолжи договорот, а ако до тоа не се случи, можно е да го напушти клубот.

Интерес за неговите услуги покажува Пари Сент Жермен, кој веќе спремил богата понуда за Шпанецот, но и Јувентус, кој сака во своите редови да го има еден од најдобрите голмани во светот.

Де Геа изминатите години се поврзуваше со Реал Мадрид. Трансферот дури беше и договорен, но доцна испратените документи го вратија Шпанецот од авионот за Мадрид.

Сепак, се чини дека после осум години сега може да дојде до крај на соработката. Де Геа не се откажува од барањето за плата од 500.000 фунти неделно и тоа прилично ги отежнува преговорите. Понудата на тимот од „Олд Трафорд“ која моментално е на маса изнесува 350.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…