Дома Фудбал Англија Де Брујне: Веќе не ги познавам фудбалските правила

Де Брујне: Веќе не ги познавам фудбалските правила

Кевин Де Брујне призна дека веќе не ги познава правилата на фудбалската игра после честите промени во последните години.

Манчестер Сити во дербито на ПЛ загуби од Тотенхем, а во првото полувреме ВАР технологијата поништи погодок на Граѓаните.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Де Брујне после натпреварот рече дека поради честите промени ги заборавил правилата и дека не е ништо исто како во првите години од неговата кариера.

„Искрено веќе не ги знам правилата. Играм професионален фудбал 12 години. Во првите девет години немаше промени, а во последните три ги имаше многу.“ – рече Де Брујне.

Де Брујне донекаде има право бидејќи од сезона во сезона се менуваат правилата за играње со рака што ги збунува играчите, но и судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Последниот танц“ на Меси во татковината – навивачите бесни поради цената на билетите

Легендарниот Лео Меси ќе игра во дресот на Аргентина последен пат пред домашната публика н…