Тениската репрезентација на Македонија денес во одлучувачкиот натпревар во групата Б од Четвртата зона во Дејвис купот победи против лидерот во групата Молдавија.
Ние одлично започнавме и ги добивме двата натпревари во сингл, па нашите тенисери го предадоа мечот во двојки кој немаше резултатско значење.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Калин Ивановски со два пати со по 6:1 беше подобар од Андреи Горбан, за Горзад Србљак да биде поубедлив и со 6:1 и 6:0 да го добие Максим Казак.
Во двојки за Македонија настапија Обрад Марковски и Стефан Мицов. Тие го добија првиот сет, но потоа се предадоа и беа поразени од Казак и Горбан.
Така ние завршуваме како второпласирани со ист број на бодови како Молдавија, а тоа значи дека во следното издание на Дејвис Купот ќе се натпреваруваме во Третата зона.