Дома Фудбал Останато Дешамп разочаран после ремито: Ова не е Плејстејшн

Дешамп разочаран после ремито: Ова не е Плејстејшн

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп беше разочаран после ремито со Украина во квалификациите за СП.

Дешамп мораше да се правда пред новинарите зошто не ја искористил добро разработената негова формација, 4-2-3-1, бидејќи на овој меч излезе со формација 4-4-2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ја пробав оваа формација против Моладвија пред две години, но ова не е Плејстејшн. Ти треба баланс во играта, вистински замени, но многу зависи и од противникот. Очекував Украина да биде затворена, но не до толку“, истакна Дешамп.

„Требаше да ја обезбедиме победата уште во првото полувреме имајќи предвид колку шанси создадовме. Во второто полувреме стана потешко. Примениот гол можеше да се избегне. Како и да е, се боревме до крај. Секако, сега сме разочарани“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Шкупи поставија ултиматум до газдата на клубот!

Поранешниот македонски првак Шкупи се наоѓа во длабока резултатска и организациска криза, …