Дома Фудбал Репрезентации Дешамп не сака ниту да го слушне името на Бензема: Ова е добро смислено ?

Дешамп не сака ниту да го слушне името на Бензема: Ова е добро смислено ?

Францускиот селектор Дидиер Дешамп денес го објави списокот на фудбалери за натпреварите од Лигата на Нации против Шведска и Хрватска.

Очекувано, како и во годините претходно на списокот не се најде Карим Бензема. Напаѓачот на Реал Мадрид беше исфрлен од репрезентацијата после скандалот со поранешен соиграч од репрезентацијата Матија Валбуена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Француските медиуми се убедени дека неговите неговите фудбалски квалитети вредат многу повеќе и констатно Дешамп го „боцкаат“ со прашња за Бензема.

Така беше и денес, а на прашањето за Бензема Дешамп жестоко реагираше со иронична насмевка.

„Ова е добро смислено. Има ли некои други прашања за денес“, запраша Дешамп.

Бензема репрезентативец на Франција беше до 2015 година и до тогаш постигна 27 голови на 81 настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Постои уште еден совршен голман за Барса, Деко започна акција – најавен нов трансфер на Каталонците

Марк-Андре Тер Штеген и Војчех Шчесни лесно би можеле да ја напуштат Барселона, а спортски…