Актуелниот селектор на француската репрезентација, Дидие Дешамп го коментираше заминувањето на Зинедин Зидан од клупата на Реал Мадрид.
Француските медиуми шпекулираат дека токму Зизу ќе седне на неговото место, а самиот Дешамп потврди дека според него Зидан ќе биде идниот селектор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа е негова одлука и јас ја респектирам. Познавајќи го добро Зизу сигурно долго време размислував и смета дека оваа одлука е најдобра за него. Тоа што го направи во изминатите три години е фантастично“, смета Дешамп.
„Дали се плашам за своето место? Истото прашање ми го поставивте и пред Европското првенство и сега. Јас се спремем со тимот за многу важно натпреварување како што е Мундијалот. Што се однесува до Зизу сигурно еден ден ќе биде селектор на Франција, тоа ми изгледа логично“, заклучи Дешамп.
#Francia – #Deschamps non ha dubbi sul futuro di #Zidane
— calciomercato.it (@calciomercatoit) May 31, 2018