Дома Фудбал Конечно: Мадрид уште малку и ќе го дочека дебито на Азар во Ла Лига!

Конечно: Мадрид уште малку и ќе го дочека дебито на Азар во Ла Лига!

Зинедин Зидан конечно доби добри вест. Еден Азар ќе биде спремен да дебитира за Реал Мадрид во домашното првенство во натпреварот против Леванте.

Белгискиот фудбалер поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари со репрезентациите на Сан Марино и Шкотска во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сепак, после репрезентативната пауза Азар ќе биде спремен да игра против Леванте.

Азар се појавил на тренингот на Реал во петокот (и тренирал индивидуално), но во натпреварот против Виљареал минатиот викенд не се најде ни на клупата.

Изгледа дека Мадрид ќе мора да се стрпи уште малку за конечно да го дочека првиот официјален настап на Азар во белиот дрес.

Реал против Леванте ќе игра на 14-ти септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити со намера да го донесе Леао за 110 милиони евра?

Манчестер Сити веќе ги обезбеди услугите на Рајан Черки, Тијани Рајндерс, Аит-Нури, Маркус…