Дефанзивецот на Манчестер сити, Рубен Диас беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиерлигата за сезоната 2020/21.
Играчот на сезоната очекувано доаѓа од редовите на Манчестер Сити, кој беше шампион, но интересно е што за прв пат после 32 години беше избран дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рубен Дијаз стана првиот одбранбен фудбалер што го добил големото признание по пауза од цели 32 години, откако тоа заврши во рацете на Стив Никол.
24-годишниот дефанзивец минатото лето пристигна на „Етихад“ од Бефика за 60 милиони фунти и одигра фантастична сезона.
„Ова е голема чест за мене. Многу сум среќен, но немаше да бидам тука без помош на моите соиграчи. Фактот дека јас ја добивам наградата е најдобар доказ за начинот на кој функционира тимот, ја отсликува нашата колективност на секој дел од теренот“, изјави Дијаз.
The winner of the FWA Footballer of the Year – @rubendias! 🇵🇹💙
— Manchester City (@ManCity) May 20, 2021
🥇 #FOTY2021
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5re