Дома Фудбал Италија Дефанзивецот на Интер ја откри тајната за непобедливоста

Дефанзивецот на Интер ја откри тајната за непобедливоста

Интер оваа сезона игра фантастично, па „нероаѕурите“ после 15 кола во Серија А се уште не знаат за пораз.

Моменално пред Интер на табелата е само Наполи со два бода предност, а Данило Дамброзио објасни зошто миланскиот гигант оваа сезона игра толку добро.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„За разлика од минатите сезони, со Спалети почнавме да ставаме фокус на психологијата. Ваквите резултати се плод на нашата психа. Сега и оние игачи кои не се првотимци на тренинзите даваат максимум, а со победите успеавме да го вратиме победничкиот менталитет“, открива Дамброзио.

„Вистина е дека нашиот тим е надпросечно висок и дека често играта ја базираме на физичката спремност. Се трудиме да бидеме што по агресивни и особено внимание обрнуваме на прекините. Секако од голема помош се и новите засилувања кои пристигнаа ова лето“, заклучи десниот бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Виктор Осимен со изборот на новиот клуб ќе го “замрзне” Неапол

Виктор Осимен е во сензационална форма за Галатасарај оваа сезона за време на неговото отс…