Дома Македонски спорт Детето на Академија Пандев ја напушта Бурса: Од првиот ден тренерот немаше позитивен пристап

Детето на Академија Пандев ја напушта Бурса: Од првиот ден тренерот немаше позитивен пристап

Младинскиот репрезентативец на Македонија Јани Атанасов, еден од најталентираните фудбалери од генерацијата 1999 си заминува од Бурса.

Атанасов потекнува од Академија Пандев од каде што пред две години направи трансфер во Турција за 100.000 евра. Тој на социјалните мрежи објави писмо со кое се обрати до навивачите. Како што самиот кажува заминува затоа што не добил шанса во првиот тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Во Македонија играв пред најмногу 500 навивачи, кога дојдов тука се импресионирав од атмосферата на „Крокодил Арена“. Го избрав овој клуб по препорака на менаџерите кои се грижат за мојата кариера. За жал сега заминувам, исто така после советите на менаџерите“.

„Немав позитивен пристап од тренерот уште од првиот ден. Цело време бев надвор од А-тимот, прашував што треба да поправам, но не добивав одговор. За време на мојот престој имаше проблеми, како спортски така и економски. Го засакав градот, навивачите и клубот од првиот ден. Играв со љубов, но сега е време за разделба. За мене вие ќе бидете најдобрите навивачи“.

„Им се заблагодарувам на сите соиграчи со кои играв, ги сакам и им посакувам успех. Убеден сум дека ќе ја однесете Бурса каде што заслужува. Си заминувам со крената глава“, изјави Атанасов.

Засега нема информации каде Атанасов ќе ја продолжи кариерата.

View this post on Instagram

Hoşçakalın Bursaspor Ailesi ??

A post shared by Jani Atanasov (@janiatanas8v) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…