Кристијано Роналдо по продолжениот одмор се врати во Манчестер, но се чини дека Португалецот со главата не е на „Олд Трафорд“.




Познатиот новинар Матео Морето ги откри важните детали по вчерашниот состанок на кој присуствуваше и агентот на Роналдо, Жорге Мендеш.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Јунајтед јасно ставил до знаење дека Роналдо не е на продажба и дека клубот нема така лесно да го пушти. Исто така, точно е дека една од опциите е Роналдо да замине на позајмица во клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите, но за тоа ќе мора прво да го продолжи договорот затоа што наредното лето би бил слободен.




Сепак, Роналдо и Мендеш не ја сакаат таа опција. Продолжувањето на договорот според Португалецот не е по него доброи решение за актуелната ситуација.




Очигледно е дека Роналдо не сака да се натпреварува во Лига Европа, ниту да се бори за топ 4 и да се врати во Лигата на шампионите од сезоната 2023/24, кога ќе биде на прагот од 40 години.




„Часовникот“ на Роналдо отчукува и нема сезона за губење, а тој сака да игра во Лигата на шампионите.