Дома Топ вести Детали од договорот за Наинголан: Рома го добива и најталентираниот играч од школата на Интер!

Детали од договорот за Наинголан: Рома го добива и најталентираниот играч од школата на Интер!

Oткако вчера самиот фудбалер во кратка изјава го потврди трансферот, денес италијанските медиуми откриваа детали од договорот помеѓу Интер и Рома.

Имено, Рома како оштета за Наинголан ќе добие сума од 24 милиони евра, бекот Давиде Сантон и најталентираниот играч од подладокот на Интер, Никола Заниоло. Во прашање е талентиран играч за врска.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За Занило беше познато, како клуч на целата операција се наведува Давиде Сантон.

Претставниците на Сантон утре пристигнуваат во Рим каде што ќе ги договрат личните услови со „нероаѕурите“. Во случај Сантон да одбие да се пресели во Рома,

Интер на споменатите 25 милиони евра ќе мора да плати дополнителни пет милиони евра.

Кога во прашање е Наинголан, тој ќе потпише договор на три години вреден околу 4.5 милиони евра по сезона, а по потписот ќе добие и бонус од пет милиони евра! Во договорот ќе има вметнато и клазула која ќе му овозможува Интер автоматски да го продолжи договорот со играчот за врска на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…