Дома Фудбал Останато Детали за состојбата на Гудељ: Срцето му застанало, лекарите го вратија во живот🎥

Детали за состојбата на Гудељ: Срцето му застанало, лекарите го вратија во живот🎥

Драгиша Гудељ, српскиот фудбалер и брат на ѕвездата на Севиља, Немања Гудељ, доби срцев напад на терен во меч од третата лига во Шпанија.

Седим минути траеше неговата реанимација на теренот, докторите буквално се бореа за неговиот живот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Кордоба соопшти дека здравствената состојба на 26-годишниот српски дефанзивец е стабилна, но е задржан во болница на детални испитувања.

„Гудељ на кратко остана без свест, но кога го напушташе теренот беше тотално свесен. Сакаше дури и да се врати во игра, но решивме да го испратиме во болница. Последните вести кои ги имаме за него се дека се наоѓа на интензивна нега и дека му се прават детални анализи за да се утврди зошто паднал на теренот. Им благодариме на лекарите на брзата интервенција“, соопштија од Кордоба.

Шпанските медиуми пишуваат дека срцето буквално му застанало, но со брза и стручна масажа набрзо повторно почнало да работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…