Тренерот Жозе Мурињо влегол во расправија со сопственикот на Рома, Ден Фридкин кога дознал дека ќе биде отпуштен, а исто така и неговиот однос со фудбалерите не бил на најдобро ниво, пренесуваат денес италијанските медиуми.
Мурињо и покрај лошите резултати во претходниот период не очекувал да биде отпуштен и одлуката на сопствениците за него била изненадување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текстот на „Кориере дело Спорт“ се наведува дека Фридкин директно го обвинил Мурињо за резултатите, додека португалскиот стратег возвратил со ветувањата кои сопственикот не ги исполнилк.
Наводно, првиот човек на Рома размислувал да го отпушти Мурињо и по поразот во финалето на Лига Европа, како и по поразот од 1:4 од Џенова во септември. Во ниту еден момент не се размислувало на Мурињо да му биде продолжен договорот.
Сопствениците на клубот исто така не биле задоволни со тоа што Мурињо констатно ги обвинувал судиите. Се наведува и дека односот на исткусниот тренер со одредени фудбалери бил лош. Еден од фудбалерите со кој влегол во отворен конфликт бил Крис Смолинг кого го исмејувал за лошите резултати.
Смолинг сезонава одигра само три натпревари и сега би можел да се врати во тимот. Ќе потсетиме на местото на Мурињо Рома го доведе Даниеле Де Роси.