Дома Топ вести Деталите од договорот помеѓу Барселона и Баерн за Кутињо

Деталите од договорот помеѓу Барселона и Баерн за Кутињо

0

Вчера беше потврден траснферот на Фелипе Кутињо од Барселона во Баерн Минхен.

Барселона и Баерн се договорија за позајмица на Бразилецот. Каталонскиот „Спорт“ после потврдата објави детали од договорот помеѓу Баерн и Барселона.

Баерн на Барселона за едногодишна позајмица ќе и плати 20 милиони евра, а ќе ги превземе и трошоците за платата на Кутињо, околу 12 милиони евра.

Ако после позајмицата сакаат да го откупат Бразилецот ќе треба да платат 120 милиони евра. Прво Баварците сакеле да го добијат Кутињо за позајмица на две години, како што претходно го доведоа Хамес Родригез од Реал, од Колумбиецот се откажаа па тој се врати во Мадрид.

Сличен ваков договор Барселона пред крајот на преодниот рок постигна со Тотенхем, но Англичаните се повлекоа во последен час.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

Бразилецот Родриго Гоес стигна во Реал Мадрид летово за 45 милиони евра од Сантош како фуд…