Дома Фудбал Англија Дерби на Манчестер: Бучните комшии станаа главни, се чека одговор од „ѓаволите“

Дерби на Манчестер: Бучните комшии станаа главни, се чека одговор од „ѓаволите“

Дерби натпреварот во Премиер лигата овој викенд ќе се одигра на стадионот „Етихад“ каде Манчестер Сити ќе го пречека лутиот градски ривал Манчестер Јунајтед во дербито на Манчестер.

Три места и 19 бода ги делат двата лути ривали на табелата, при што домаќините се обидуваат да се оддалечат од Ливерпул на врвот, додека „црвените ѓаволи“ имаат за цел повторно да завршат меѓу првите четири на табелата.

Сити сака враќање на победите на домашен терен


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Недостатокот на концентрација од Мајкл Кин му овозможи на Фил Фоден да го постигне единствениот гол на натпреварот против Евертон минатото коло и тоа на осум минути до крајот. Сити се мачеше како ретко до сега сезонава да постигне гол, но на крајот сепак победи.

По таа победа, во текот на оваа недела Сити славеше и во ФА Купот над Питерборо во 1/8 финалето и закажа пресметка со Саутемптон.

Но, да се вратиме на Прмеиер лигата. Сити имаше комотна предност во еден период од шампионатот, но сега има предност од само три бода во однос на Ливерпул. Ова е доста важен меч за домаќинот и тоа во можеби клучен период. Добра вест за Гвардиола е тоа што веќе во текот на наредната недела ќе може да ротира на реваншот со Спортинг на домашен терен во Лигата на Шампиони, бидејќи во Португалија славеше со 0:5.

Тоа значи дека Пеп е целосно насочен кон домашниот шампионат. Освен тоа, Пеп и Сити предходниот меч на домашен терен го загубија од Евертон со 2:3, па сега не смеат да си дозволат втор пораз по ред пред своите навивачи.

Јунајтед го чека тешка задача

Рој Хоџсон секако всади поголемо чувство на одбранбена издржливост кај тимот од Ватфорд од неговото доаѓање, но искрено никој не очекуваше дека тимот ќе остане непоразен кај Манчестер Јунајтед. Фрустрацијата беше голема на Олд Трафорд по ремито 0:0, особено што домаќинот се изнапромашува во текот на мечот.

Нерешениот резултат 1:1 со Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ може да се смета за успешен резултат, но 0:0 на домашен терен против 19-топласираниот Ватфорд им ги отежнува работите.

„Црвените ѓаволи“ се држат до четвртото место, но Вест Хем и Арсенал се многу блиску до нив. Нерешениот резултат со тимот на Хоџсон претставуваше шести натпревар без пораз за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и тоа е некаква позитива.

Инаку, што се однесува до составот на овој меч, Скот Мектоминај се очекува навреме да се опорави од болеста за да го заземе местото во средината на паркот, а Единсон Кавани исто така би можел да се врати по проблемите со препоните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најстариот син на Зинедин Зидан го напушта фудбалот на 29 години?

Најстариот син на славниот Зинедин Зидан, Енцо одлучил да го напушти фудбалот на само 29-г…