Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Јувентус ги тестира шампионските амбиции на Интер

Дерби на денот: Јувентус ги тестира шампионските амбиции на Интер

Ова е едно од најголемите дербија во Европа и дуел на два големи ривали, кои во моментов се на двете први места на табелата,па исходот од овој меч многу ќе зависи за понатамошниот дел од сезоната.

Најголем тест за Јувентус сезонава

Јувентус се соочува со големи проблеми оваа сезона. Најпрво беше суспендиран Погба, а потоа и Фаџоли, па тоа сигурно влиаеше на тимот. Меѓутоа, Јувентус игра според очекувањата, па и покрај негирањата од Алегри сигурно главна цел оваа сезона за „бјанконерите“ ќе биде Скудетото. Победата над Милан му даде на тимот голема самодоверба и се искачи на второто место на табелата. Сепак, впечатокот е дека тимот се уште не е балансиран, се мачи во секој натпревар, но ја постигнува целта и остварува победи. Неиграњето во Европа сигурно ќе биде голема предност за Јувентус оваа сезона, но се уште не се знае точно потенцијалот на овој тим. „Старата дама“ веќе подолг период запишува само минимални победи, па јасно е дека најсилниот дел од тимот е одбраната. Меѓутоа, ова ќе биде најголемиот тест за Јувентус оваа сезона и исходот ќе влијае многу на понатамошниот дел од сезоната.

Интер прв фаворит за Скудетото


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер направи многу промени во тимот ова лето, но на одличен начин ја отвори сезоната со пет победи во првите пет кола. „Нероаѕурите“ доведоа адекватни засилувања и покажаа дека и оваа сезона ќе бидат едни од главните фаворити за победа. Меѓутоа, тимот на Инзаги потоа направи два кикса, па го испушти лидерското место. Во изминатите две кола остварија две победи и ги искористија киксовите на Милан, па се врати на лидерскотто место. Секако дека главната цел на „нероаѕурите“ оваа сезона ќе биде Скудетото, но тимот игра одлично и во ЛШ. Што се однесува до нападот тука имаше најголеми промени и се чини дека нападот оваа година е послаб и во главно работите зависат од Лаутаро, но Турам исто така одлично се вклопи во тимот. Интер игра одлично оваа сезона во дерби натпреварите и победи на сите дерби мечеви, но обва по традиција е најтешко гостување во сезоната. Со победа на овој меч Интер ќе ја потврди фаворитската улога за титулата.

Очекување

Ова дерби е секогаш непредвидливо и носи големи изненадувања, но готово секогаш е возбудливо и богата со голови, па веруваме дека така ќе биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…