Денес на програмата се играат реванш осминафиналните дуели од Лигата на шампиони, а во фокусот секако ќе биде дуелот помеѓу Челзи и Борусија Дортмунд.
Челзи загуби во првиот дуел во Дортмунд со 1:0, иако беше рамноправен протувник, па разликата не е недостижна и ќе се обиде да го искористи домашниот терен. Од друга страна Борусија нема лесно да се предаде и игра фантастично во последно време.
Челзи сака да ја спаси сезоната
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ниту најголемите песимисти не можеа да предвидат вака лоша сезона на Челзи. На самиот почеток дојде нов сопственик, кој направи тренерска смена после неколку лоши резултати, а со доаѓањето на Потер на кормилото резултатите само се влошија. За ситуацијата да биде уште положа, Челзи потроши огромна сума на нови засилувања, само во јануари пристигнаа играчи за 350 милиони евра, но до сега не донесоа позитивни промени. Во Премиер лигата се на средината на табелата и отпаднаа од трката за Топ 4, па единствен стпас на сезоната гледаат преку Лигата на шампиони. Поради тоа овој дуел за нив ќе биде натпревар на сезоната и ќе направат се за да се пласираат во четвртфинале, но тоа ќе значи и дополнителен притисок за „сините“. За парадокот да биде поголем најдобриот меч Челзи во последните два месеци го одигра во Дортмунд, но не успеа да постигне гол и беше поразен од 1:0. Сепак, лондонскиот тим знае дека тоа не е недостижен резултат и со помош на публиката можат да дојдат до победа од два гола разлика. Тренерот Потер знае дека неговата иднина на „Стенфорд Бриџ“ зависи од овој меч, па доколку биде елиминиран слободно може да ги пакува куферите. Од друга страна тешка околност е што има голем број повредени фудбалери и нема да може да смета на Тиаго Силва, Маунт, Обамејанг, Аспиликуета, Менди, а под знак прашалник се Џејмс и Пулишиќ.
Дортмунд игра во одлична форма
Овој меч за Борусија доаѓа во најдобар можен момент бидејќи „милионерите“ играат во фантастична форма. Дортмунд после мундијалската пауза игра фантастично и се наоѓа во серија од 10 последователни победи во сите натпреварувања, а тоа значи дека атмосферата и самодовербата во тимот се на високо ниво. Во Бундеслигата се наоѓаат на второто место и сигурно до крај ќе се борат со Баерн за титулата, но не се откажуваат од Лигата на шампиони и сакаат да стигнат што подалеку. Борусија има одличен резултат од првиот меч и со предност од еден гол доаѓа во Лондон, а тоа ќе му овозможи на тренерот Марко Розе да игра на начин каков што му одговара. Борусија нема да игра безглаво и ќе чека грешка на Челзи, а токму контранападите се најсилното оружје на „милионерите“. Имаат одличен среден ред и брзи напаѓачи, па ќе се обидат да ја искористат секоја грешка на „сините“. Формата и резултатот од првиот меч се на нивна страна, па ќе направат се за да останат непоразени.
Очекување
Тешко е да се предвиди исходот на овој дуел помеѓу два тима кои се со приближен кавлитет, но сосема различна форма. Домашниот терен е на страната на Челзи, но Борусија е во одлична форма и знае дека може да ја оствари целта дури и после преку продолженија. Двата тима играат отворен фудбал, па очекуваме возбудлив натпревар со многу голови.