Дома Фудбал Англија Дерби на денот: Ливерпул и Тотенхем во верзија „лошиот против полошиот“

Дерби на денот: Ливерпул и Тотенхем во верзија „лошиот против полошиот“

Денес во фудбалска Европа се играат многу возбудливи натпревари, а во фокусот секако ќе биде дербито од Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Тотенхем.

Дерби помеѓу два тима кои имаа големи амбиции, но имаат разочарувачка сезона. Ливерпул и Тотенхем имаат само теоретски шанси за пласман во Топ 4, но сепак „црвените“ се во подобра ситуација и сигурно нема да се откажат до крај.

Ливерпул нема да се откаже се додека има теоретски шанси


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ливерпул игра разочарувачка сезона, рано испадна од трката за титулата, а сега е далеку и од пласман во Топ 4. Тоа сигурно ќе биде голем удар за клубот од „Енфилд“, но јасно е дека на лето следуваат големи промени во тимот. Клоп сака да донесе нови засилувања, млади фудбалери кои ќе го освежат тимот за да започне нов циклус. Елиминацијата во Лига на шампиони беше исто така во рана фаза, бидејќи од Ливерпул се очекуваше да стигне подалеку од осминафиналето. Меѓутоа, и шансите за 4-то место се многу, но се додека постојат тимот на Клоп сигурно нема да се откаже. „Црвените“ влегоа во серија од три победи, играат добро, а со победа во овој меч ќе го надминат Тотенхем на табелата. Избраниците на едноставно мора да ги освојат трите бода, а домашниот терен секако ќе биде голема предност.

Тотенхем во многу тешка ситуација

Ова е исклучително необична сезона за Тотенхем, кој одлично ја отвори сезоната и во поголем дел беше во Топ 4. Меѓутоа, после мундијалската пауза работите се променија и формата на тимот почна да паѓа. После елиминацијата во Лигата на шампиони и неколкуте лоши резултати во Премиер лигата раководството се реши да се раздели од тренерот Антонио Конте и за привремен менаџер го назначи неговиот помошник Стелини. Меѓутоа, тоа силно ја разниша самодовербата на тимот, па следуваа уште полоши резултати. Тотенхем има само една победа на последните шест меча и падна на 6-то место, а неодамна доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Њукасл. Тоа доведе до уште една тренерска смена, па сега би било вистински предизвик тимот да избори пласман во Топ 4. Меѓутоа, минатото коло тимот покажа дека е жив и не се предава, па успеа да избегне пораз против Манчестер Јунајтед, иако имаше негатива од два гола. Поради тоа веруваме дека Спарси нема лесно да се предадат и ќе се борат додека постојат шанси за повисок пласман.

Очекување

Формата и домашниот терен се на страната на Ливерпул, па тимот на Клоп е фаворит во ова дерби, а веруваме дека ќе ги освои трите бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…