Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: „Кралот“ спрема одмазда за „граѓаните“

Дерби на денот: „Кралот“ спрема одмазда за „граѓаните“

Денес во фокусот ќе биде големото дерби во четвртфиналето од Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Ждребот сакаше двата најголеми фаворити за трофејот да ги одмерат силите во четвртфиналето. Реал Мадрид и Манчестер Сити во изминатите години имаа неколку антлогиски пресметки, па сите очи на фудбалска Европа вечерва ќе бидат вперени на „Сантиаго Бернабеу“.

„Кралот“ спрема одмазда за „граѓаните“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лигата на шампиони е во ДНК на Реал Мадрид и „кралевите“ секоја година атакуваат на најпрестижниот трофеј. И оваа сезона се еден од најголемите фаворити во Лигата на шампиони, а тоа го потврдија со игрите во групната фаза. Тимот на Анчелоти се наоѓа во одлична форма, а полека се решава проблемот со повредени фудбалери. Во осминафиналето го елиминираа Лајпциг, малку потешко од очекувањата, но тоа потврдува дека во елиминациите во ЛШ нема лесни натпревари. Ова е секако финале пред финалето, а тимот на Анчелоти имаат нерасчистени сметки со „граѓанте“ од минатата сезона. Сити минатата година со високи 4:0 го понижи Реал Мадрид на „Етихад“ и се пласираше во финалето, а подоцна и го освои трофејот. Тоа сигурно ќе биде додатен мотив за „кралевите“ кои ќе сакаат да ја искористат предноста од домашен терен и да обезбедат предност пред реваншот.

Сити сака одбрана на титулата

Манчестер Сити минатата сезона испиша историја и за прв пат ја освои Лигата на шампиони, а на патот до тронот мораше да го совлада „кралот“. Сити неколку сезони одигра легендарни дуели со Реал и обично победникот од тие дуели на крајот го креваше престижниот пехар. Целта на „граѓаните“ повторно е иста, но овој пат ќе биде многу потешко да се одбрани трофејот. Гвардиола пред овој меч има големи кадровски проблеми, особено во одбраната каде нема да може да смета на Вокер, Гвардиол и Аке, па тоа сигурно ќе биде голем хандикеп. Секако најголем адут се Халанд и Де Бријне, кои ќе им задаваат големи главоболки на „кралевите“. Целта е да се оствари добар резултат во Мадрид и да се остане непоразен на „Сантиаго Бернабеу“, па пласманот во следната фаза да се решава на „Етихад“.

Очекување

Дуелите на овие два тима се секогаш неизвесни, возбудливи, но и богати со голови, па веруваме дека така ќе биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ед Ширан во транс: Каква прослава на познатиот пејач откако Ипсвич даде гол против Јунајтед

Фудбалерите на Ипсвич со голoт против Манчестер Јунајтед успеаја да ги кренат на нозе сите…