Дома Фудбал Лига на шампиони Депај: Горд сум на Де Лихт, но на теренот ќе бидеме само ривали

Депај: Горд сум на Де Лихт, но на теренот ќе бидеме само ривали

Фудбалерите на Јувентус денеска на свој терен играат против Лион во рамките на осминафиналето во ЛШ.

Во првиот натпревар кој се играше пред скоро пет месеци Лион успеа да слави со 1:0. Иако францускиот клуб има предност јасно е дека Јуве е фаворит за пласман понатаму.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денешниот натпревар ќе биде и пресметка помеѓу соиграчите од репрезентацијата на Холандија, Мемфис Депај и Де Лихт, кои надвор од теренот се добри пријатели. Депај порача дека на натпреварот ќе бидат ривали и ништо повеќе.

„Се сретнавме во Холандија во текот на долгата пауза додека траеше карантинот и зборувавме на секоја тема. Тој одлично се снајде во Јувентус. Горд сум на него, но утре на теренот ќе бидеме само ривали.“ – порача Депај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Слот откри како го победил Атлетико: Мораш да го направиш тоа!

Ливерпул повторно мораше да постигне гол во последните минути за победа, а Арне Слот го ко…