Алексис Санчез и Хенрик Михатријан ги комплетираа своите трансфери во Манчестер Јунајтед, односно Арсенал, а и Манчестер Сити речиси во исто време се пофали со важен потпис.
Кевин Де Бриун потпиша нов договор, до летото 2023. година по која неделно ќе заработува дури 280.000 фунти, односно околу 20 милиони евра на годишно ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина сум среќен што потпишав нов договор. Веќе повеќе пати истакнав, мојата намера отсекогаш беше да останам во Сити, бидејќи од првиот ден тука се чувствувам како дома“, истакна Де Бруин.
Сепак, ниту тоа не е се, бидејќи угледниот и добро информиран новинар, Џанлука Ди Марсио потврди дека фудбалерот на Шахтјор наскоро ќе прмине на „Итхад“.
Ди Марсио тврди дека Сити ќе плати помеѓу 30 и 40 милиони евра за фудбалерот на Шахтјор во кого гледа одлична поддршка за Фернандињо на позицијата заден играч за врска.
Во следните денови се очекува трансферот да биде реализиран, потврди Ди Марсио.
GET EXCITED! ?@DeBruyneKev has today signed a new contract at the Club!
INFO ▶️ https://t.co/NGc7Vqh62x #mancity pic.twitter.com/bj1YuseMgG
— Manchester City (@ManCity) January 22, 2018