Дома Фудбал Италија Денес е вистинска сензација, а пред една година Јувентус можел да го изгуби за 10 милиони евра

Денес е вистинска сензација, а пред една година Јувентус можел да го изгуби за 10 милиони евра

Оние кои повеќе го следат Јувентус знаеа каков талент поседува Моис Кин, но овој фудбалер се до оваа сезона не добиваше шанса да покаже што знае.

Кога конечно доби каква-таква шанса започна да покажува за каков фудбалер се работи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само што заигра 19 годишниот Кин постигна гол, а после добрите настапи во дресот на Јувентус младиот напаѓач доби и повик од селекторот на Италија, Роберто Манчини.

Продолжи да ги тресе Кин мрежите во репрезентацијата, но во Јувентус изгледа се уште спремни да му дадат место во првиот состав.

Иако се шпекулираше дека „старата дама“ ќе му понуди нов подобар договор на Кин и понатаму постои можност Јувентус да го продаде својот талентиран напаѓач.

Ако Јувентус навистина го продаде Кин, но претходно му го продолжи договорот од него ќе може да заработи сигурно 50 милиони евра. Тоа секако е голема сума, меѓутоа навивачите после она што го видоа и со оглед на тоа дека Манџукиќ веќе е во поодминати години сакаат Кин да добие шанса во првиот тим.

Интересно е што Јувентус можел да го изгуби Кин пред само една година. Раководството на „старата дама“ тогаш размислуваше да го продаде Моис Кин на холандски Фејенорд за сума помеѓу 10 и 12 милиони евра.

Минатата сезона Кин ја помина на позајмица во Верона, додека оваа запиша десет настапи за Јувентус во кои постигна шест гола и додаде една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…