Дома Останати Кошарка Денвер поведе во големото НБА финале, Јокиќ рушеше рекорди

Денвер поведе во големото НБА финале, Јокиќ рушеше рекорди


Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓


Започна големото НБА финале помеѓу Денвер Нагетс и Мајами Хит, а Денвер поведе со 1:0 во серијата откако синоќа го победи Мајами Хит со 104:93.

Денвер од почетокот ја играше својата игра, беше подобриот ривал, а на полувремето имаше предност од 59:42, а потоа беше јасно дека на тимот од Флорида му се пишува лошо во првиот меч од големото финале.

Пред влезот во последниот период, Денвер имаше над 20 поени разлика, а се што успеа да направи Мајами е добрата последна четвртина која ја доби со 20:30 за конечни 104:93.

Никола Јокиќ повторно беше прво име на средбата и ги предводеше Нагетс до првата победа.

Центарот од Србија го заврши дуелот со трипл-дабл учинок од 27 поени, десет скока и 14 асистенции, а во текот на одличната партија постави и неколку рекорди на синоќешниот натпревар.

Во првиот натпревар, Јокиќ забележа најмногу асистенции за центар во историјата на финалето на НБА.

Кошаркарот од Србија е само вториот играч во историјата на НБА кој дебитирал во финалето со трипл-дабл учинок. Првиот беше Џејсон Кид.

Само тројца играчи во историјата на НБА имаат 450+ поени, 200+ скокови и 150+ асистенции за време на еден плејоф. Тоа се Лери Бирд, Леброн Џејмс и Никола Јокиќ!

Втората средба од големото НБА финале ќе се одигра на 5 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто во Премиер лигата се нема случено цели 60 години

Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓ Манчестер Јун…